Почина легендарниот Славе „Срцка“

Македонските спортски терени од денеска се посиромашни за едно име што беше заштитен знак, особено ширум Скопје, откако почина легендарниот Светислав Димовски, во спортската јавност попознат како „Славе Срцка“.

Тој со децении беше дел од најголемите настани на кошаркарските терени, но и на натпреварите во останатите спортови.

Во последните години поради болест не беше присутен во салите во својата вообичаена улога, но неговата љубов кон спортот не згасна до последниот миг.

Засекогаш ќе го паметиме насмеан, скромен, со добрина во очите и во срцето… Слава му…

Се вчитува...