Легендарниот американски тренер Роберт Лансдорп почина на 86-годишна возраст. Американските медиуми ја пренесоа тажната вест дека почина легендарниот тренер Роберт Лансдорп, кој тренираше бројни големи тенисери и им помогна да освојат 24 гранд-слем титули.
Работеше со Пит Сампрас, Марија Шарапова, Линдзи Девенпорт, Трејси Остин… Беше експерт за форхенд, бекхенд и волеј. Пит Сампрас во една прилика изјави дека Роберт го научил на се, а особено е благодарен за вежбата „20“ каде 20 пати морал да упатува перфектни удари и секогаш кога ќе згрешел почнувал од почеток, дури и да има 19 успешни.
Лансдорп работеше со тениската елита и најмалку 20 играчи кои ги тренираше беа во ТОП 50 во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА