Почина навивач на Сакраменто за време на мечот против Њу Орлеанс

Њу Орлеанс Пеликанс во возбудлив меч го победија Сакраменто Кингс и се пласираа во полуфиналето на НБА купот. Сепак, натпреварот го одбележа и тажната вест која следеше по дуелот.

Како што официјално потврдија од франшизата од Калифорнија, еден навивач на Кингс го загубил животот за време на натпреварот.

„Во текот на првата четвртина од натпреварот Сакраменто – Њу Орлеанс, имаше итен случај во кој учествуваше еден гледач. Медицинските работници веднаш реагирале и се обиделе да пружат прва помош, но тие обиди биле неуспешни и навивачот починал“, стои во официјалното соопштение на Сакраменто Кингс.

Кралевите испратија сочувство до семејството и пријателите на починатиот навивач.

Се вчитува...