Почина поранешен возач на Ферари во Формула 1

Поранешниот возач на Формула 1 Патрик Тамби, почина денеска после тешко боледување во 73. година од животот, соопшти неговата фамилија.

Тамби е освојувач на две титули во конструктори во 1982 и 1983 година возејќи за Ферари. тој се натпреваруваше и за екипите на Мекларен и за Рено. Исто така двапати го освои КанАм северноамериканското првенство во 1977 и 1980.

Долго време боледуваше од Паркинсова болест. Роден е во Париз во 1949 година, Тамби почна со Ф1 кариера во 1977 година. Исто така четири пати учествуваше во трката „24 часа Ле Ман“.

Се вчитува...