Тажна вест доаѓа од Шпанија. Почина поранешниот фудбалер Маркос Алонсо Пена, таткото на Маркос Алонсо кој моментално игра за Барселона. Маркос Алонсо Пена почина на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.
За Барселона играа три генерации од семејството Алонсо. Тој порасна во дресот на Барселона со која освои пет трофеи во кариерата, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид. Во кариерата уште играше и за Расинг и Логронес.
По завршувањето на играчката кариера се посвети на тренерската работа каде работеше во: Рајо Валјекано, Расинг Сантандер, Атлетико Мадрид, Севилја, Сарагоса, Валјадолид, Малага и Гранада.
Но, на крајот тој не успеа да се избори со опасната болест, а неговите поранешни клубови испратија сочувство до семејството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА