Почина Валтер Смит, поранешен тренер на Ренџерс и Евертон и селектор на Шкотска

Поранешниот шкотски селектор, и тренер на Евертон и на Глазгов Ренџерс, почина денеска на 73 годишна возраст.

Смит е легенда на Ренџерс кој го предводеше на два пати. Првиот пат седеше на клупата на тимот од Глазгов цели седум години (од 1991 до 1998), а потоа седна на клупата на Евертон, кој го предводеше четири години.

Беше назначен за селектор на Шкотска од 2004 до 2007 година, а потоа повторно се врати во Ренџерс каде беше до 2011. Во 2004 година беше назначен и за асистент на Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, каде остана до крајот на годината, пред да ја превземе функцијата селектор.

После тренерската кариера, беше дел од раководството на Глазгов Ренџерс.

Се вчитува...