Фудбалскиот клуб Партизан се прости со пилотот кој трагично настрада утрово во близина на селото Брасина во Србија. Војниот авион Миг 21 се урна утрово во девет часот во текот на извршување на редовна летачка задача, соопшто српското министерство за одбрана. Двајцата пилоти загинаа, а повреден е и еден жител на селото.
„Војниот авион кој се урна утрово во реонот на селото Брасина кај Лозница управуваше пилотот Звонко Василјевиќ. Почивај во мир јунаку“, гласеше прошталната порака од ФК Партизан.
Судејќи по фотографиите Василјевиќ бил голем фан на белградските „црно-бели“.
Vojnim avionom koji se danas srušio u rejonu sela Brasina kod Loznice upravljao je pilot Zvonko Vasiljević.
Počivaj u miru junače ! ? pic.twitter.com/9wcdXBZegg— FK Partizan (@FKPartizanBG) September 25, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА