„Чистка“ во Будуќност, прв си замина Омиќ

Јасмин Репеша веднаш по доаѓањето во Будуќност најави „чистка“ во играчкиот кадар на шампионот на АБА-лигата, кој игра далеку под очекуваното ниво сезонава. Прв што си замина е центарот Ален Омиќ, кој од денеска повеќе не е член на црногорскиот кошаркарски колектив. Омиќ дојде пред стартот од сезонава од редовите на Црвена звезда и имаше неколку добри настапи, но во последно време неговата форма се движеше во надолна линија.

Ангажманот на Битадзе од Мега само го забрза процесот на заминување на овој кошаркар, со кого денеска и дефинитивно беше прекината соработката. Омиќ немаше проблеми да си најде нов клуб, и тоа повторно од Евролигата, па словенечкиот центар ги договори сите услови за соработка со Емпорио Армани.

Италијанскиот првак ќе го потпише Омиќ до крајот на сезонава, а искусниот центар ќе го замени Тарчевски, кој заработи незгодна повреда и најмалку 45 дена ќе отсуствува од кошаркарските терени.

Се вчитува...