Почна фудбалот во Србија: Партизан со пресврт до победа

Партизан со многу мака стигна до триумф на отворањето на новата сезона во српскиот шампионат, триумфирајќи со 1-3 на гостувањето против Напредак Крушевац.

Тренерот Саво Милошевиќ најави атак на трофејот, но „црно-белите“ одиграа потпросечен натпревар во кој по првото полувреме се најдоа во негатива, со гол примен буквално во последната секунда. Во игра на стартот од вториот дел влезе Лазар Марковиќ, а екс-фудбалерот на Ливерпул само 40 секунди подоцна постигна гол за израмнување, но и заработи повреда по судир со противничкиот голман по кој и двајцата мораа да бидат заменети.

Партизан се мачеше да го скрши отпорот на домаќините се до самиот финиш, кога Натхо од пенал успеа да погоди за 1-2, а младиот Чолиќ во 95. минута стави печат на победата.

Црвена Звезда на отворањето од новата сезона го пречекува тимот на Нови Пазар.

Се вчитува...