Почна реновирањето на Ренова: Мишковски и Гафури ги продолжија договорите

По серијата заминување од Ренова на крајот од сезоната, „гипсарите“ конечно стартуваа и со реновирањето на тимот за новите прволигашки предизвици.

Откако претходно дури осум фудбалери го напуштија тимот, клубот денеска потпиша нови едногодишни договори со централниот дефанзивец Ненад Мишковски и со напаѓачот Арџент Гафури кој се обврза на нова верност.

Според најавите, новиот стратег Бујар Ислами наредниот период ќе може да смета на уште неколку сериозни засилувања како би се создал сериозен играчки кадар за старт на подготовките.

Се вчитува...