Почна семинарот „Учиме од шпанскиот фудбал“ во Хотел Гогов (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Хотел Гогов во Пехчево стартуваше Меѓународниот семинар за фудбалски тренери „Учиме од шпанскиот фудбал“ во организација на „Еуроспорт Арена“. Главен предавач е Шпанецот Фран Алонсо, тренер кој има 15-годишно фудбалско искуство, од кои шест години како дел од Премиер – лигата. Работеше во Саутемптон и во Евертон. Беше прв асистент на Маурисио Покетино, Роналд Куман, Семи Ли и на Сем Алардајс, и своето непроценливо искуство во наредните четири дена ќе го пренесе на тренерите во Македонија. Од него дефинитивно има што да се научи.

Меѓу останатите тренерски имиња се УЕФА лиценцираните фудбалски тренери Роберто Родригез Санчез, Пабло Доминго, Карлос Касиљас и Пабло Ордоњес. Првиот ден мина во теоретска наобразба и подготовка, од утре ќе следи и работа на фудбалски терен.

 

 

Се вчитува...