Почнаа тренинзите и веднаш проблеми за Атлетико: Жоао Феликс го повреди коленото

Португалскиот интернационалец Жоао Феликс ги повреди лигаментите на коленото. Непосредно откако фудбалските клубови во Шпанија добија дозвола за групни тренинзи, Атлетико Мадрид остана без офанзивниот играч за врска. Тој ги повредил лигаментите на левото колено, информираше клубот.

„Жоао Феликс заработи повреда на левото колено. Тој ги истекна надворешните лигаменти на левото колено, што беше утврдено по деталните прегледи на Универзитетската клиника Навара. Португалецот ќе се опоравува одреден период“, соопшти Атлетико Мадрид.

Ла Лига треба да продолжи на 11 јуни, а Жоао Феликс речиси сигурно ќе пропушти дел од мечевите до крајот на првенството во кое Атлетико Мадрид ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...