Почнува 75-та НБА сезона – Петка за Леброн, прва за Бруклин или некој трет

Милвоки – Бруклин и ЛА Лејкерс – Голден Стејт се натпреварите со кои ќе се отвори јубилејната 75. сезона во НБА лигата. Милвоки Бакс ќе имаат ултра тешка задача да ја одбранат титула, а како најголеми конкуренти ќе бидат токму нивниот вечерен противник Бруклин, како и Лос Анџелес Лејкерс.

Јанис Адетокумбо во лудиот плеј-оф минатата сезона на крајот стигнаа до трофејот и ги затворија устите на голем број на „хејтери“ кои не веруваа во овој тим предводен од Мајк Баденхаузер.

Што ќе биде со Бруклин Нетс никој на светов не знае. Кајри Ирвинг си ја има својата „луда глава“, поради која на стартот и дефинитивно нема да биде дел од тимот, а тука е и „дебелкото“ Харден. Дјурант ќе мора самиот да ја повлече екипата, а доколку остане здрав и покрај сите проблеми ќе бидат едни од првите фаворити на истокот. Тимови кои може да стигнат до самиот крај на истокот се и Филаделфија 76, како и Мајами Хит и Бостон Селтикс.

Прв фаворит во битката на Западот ќе биде Лос Анџелес Лејкерс. Расел Вестбрук треба да биде клучот на тимот во поход кон прстенот, а тука се и ветераните Ентони, Рондо, Хауард… кои треба да им помогнат на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во борбата за трофејот.

Лејкерс ќе имаат неколку предизвикувачи на Западот. Тука се Јута Џез кои минатата сезона имаа најдобар скор во лигата, како и Феникс Санс, ЛА Клиперс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Денвер Нагетс.

 

Се вчитува...