Почнува ерата на ВАР во ЛШ, со неколку нови правила

Вечерашните натпревари меѓу Рома и Порто и Манчестер Јунајтед и ПСЖ ќе влезат во историјата како први во Лигата на шампионите во кои ќе биде користена ВАР-технологија. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, долго време се спротивставуваше на оваа технологија, но нејзиното позитивно искуство на СП 2018 заедно со судиските грешки во ланската завршница од Лигата на шампионите придонесоа процесот на воведување на ВАР во ЛШ да се интензивира и истиот да стартува со нокаут фазата од оваа сезона, наместо да се чека почетокот на сезоната 2019/2020.

УЕФА во пресрет на стартот на овие нови правила објави и краток „прирачник“ во кој се објаснува нивното користење…

1. Поголемо внимание кон опасната игра

На ВАР судиите им се сугерира повтоно да го прегледаат секој поостар старт од вооибичаеното, за да се искорени насилничкото однесување на теренот. Доколку се оцени дека грубата игра е „над нормалата“, ќе следи директен црвен картон.

2. Почесто користење на ВАР-мониторите

ВАР служи како помош на главниот судија, кој секогаш ја носи конечната одлука, а арбитрите од собата само му даваат препораки врз основа на прегледани нимки. Тоа ќе значи и почесто користење на ВАР-мониторот сместен меѓу клупите за резерви на двете екипи.

3. Поголема транспарентност на ТВ

УЕФА сака да и покаже на телевизискта јавност што точно се вклучува за време на ВАР-прекините, па репризите што судиите ќе ги гледаат на мониторите ќе се емитуваат и за време на ТВ-преносите. Целта е публиката да има што поголем број на информации пред главниот судија да ја објави својата одлука.

4. Само искусни судии во ВАР-тимовите

УЕФА нареди на секој стадион да биде обезбедена соба за ВАР за судиите кои ќе ги прегледуваат снимките. Главниоот ВАР судија ќе биде од иста земја како и главниот судија на натпревар, доколку таа земја користи ВАР технологија во домашното првенство.

Во ВАР собата ќе бидат присутни главен судија, ВАР помошник, двајца видео-оператори и лице задолжено за контролата на квалитетот на судењето, а според УЕФА сите треба да имаат значително искуство.

5. Нема приговори

Фудбалерите не смеат да бараат од главниот судија ситуацијата да се прегледа со ВАР, секој што ќе го стори тоа ќе добие жолт картон.

6. Дополнително време

УЕФА изработи студија која покажа дека топката во просек е во игра 61 минута и осум секунди по натпревар во Лигата на шампионите. Судиите добијат совет да го користат ВАР и потоа да го додадат времето загубено за прегледување на снимките.

7. ВАР ќе функционира додека сите играчи не го напуштат теренот

Ова се однесува пред се на конфликти меѓу играчи на крај од полувреме или веднаш по завршување на натпреварите. ВАР судиите врз основа на снимките можат да го известат главниот арбитар дополнително да покаже црвен картон.

8. СТОП на расизмот

Борбата против расизмот станува се позасилена секоја година, а судиите добија посебни инструкции за секој можен расистички гест, коментар или провокативна прослава на гол. Казната – црвен картон, а потоа и долга суспензија.

9. Играње со рака

На челниците на УЕФА им е јасно дека најголемиот дел од инцидентите што се прегледуваат се поврзани со (не)дозволено играње со рака во сопствениот шеснаесетник. Дадени се јасни инструкции – секое намерно играње со рака, или удар на топката додека раката има неприродна положба се смета за кршење на правилата и се санкционира со пенал.

Се вчитува...