Почнува приоритетна продажба на билети за Вардар – Пик Сегед

Вардар од денеска ја стартуваше приоритетната продажба на билети за првиот четврт-финален натпревар од ЛШ против Пик Сегед, што ќе се игра на 25 април во Скопје со почеток во 20 часот.

„Црвено-црните“ информираат дека од денеска до 14 април ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со влезници за четврт-финалниот натпревар во ЛШ. По истекот на овој период, односно од 15 април сите билети кои нема да бидат заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Цената на билетот за четврт-финалниот натпревар против ПИК Сегед ќе чини:
* 400 денари за местата на трибина
* 450 денари за А блоковите

Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – недела) од 10 до 18 часот.

Се вчитува...