Почнува распродажбата во Аталанта – кој прв ќе си замине од Бергамо

Аталанта ги освои симпатиите на европската фудбалска јавност со извонредниот фудбал што тимот на Џампјеро Гасперини го играше во текот на целата сезона „Сино-црните“ беа несреќно елиминирани од ПСЖ во четвртфиналето од ЛШ, претседателот најави дека тоа нема да се одрази и неговиот тим ќе продолжи да расте, но потешкиот дел од задачата сега ќе биде да се задржат стандардните првотимци.

Уште повеќе, ако се земат во предвид „смешните плати“ што овие фудбалери ги земаат во споредба со голем дел просечни екипи ширум Европа, камоли споредувајќи ги со врвните европски гиганти. Првиот што го крена гласот е десниот бек Ханс Хатебур, кој најави дека е незадоволен од платата од 500.000 евра по сезона (толку пари земаат и играчи во Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб…).

„Нашите резултати во последните три години беа фантастични, но мислам дека не можеме подалеку од ова. За мене, овој крух е завршен и сакам во нов клуб“, истакна Хатебур, за кого се интересираат неколку екипи од Премиер-лигата и од Бундес-лигата.

Левиот бек Робин Госенс заработува само 300.000 евра по сезона, па неслучајно и тој сака да си замине откако доби понуди од Лајпциг и од Интер. На листата на заминувања се наоѓа и Дуван Запата, кој е најплатен во тимот со 1,8 милиони евра годишно, но Јувентус му нуди речиси три пати повисока сума.

Листата на заминувања се очекува уште повеќе да се зголеми, освен доколку управата не реши да ги збогати договорите на огромен дел од првотимците, по големиот успех во ЛШ и финансиската инјекција што ќе стигне од УЕФА.

Во меѓувреме, Гасперини е во потрага по нови засилувања, а на врвот на листата со желби на тренерот на Аталанта се Тован од Олимпик Марсеј и Миранчук од Локомотив Москва.

Се вчитува...