Почнува „жешката“ зима во Англија: Њукасл во преговори со Јунајтед за двајца фудбалери

Њукасл во јануарскиот преоден рок сериозно ќе се засили за да избегне испаѓање во Чемпионшип дивизијата. Тимот од „Сент Џејмс парк“ има огромен трансфер-буџет по преземањето од саудискиот конзорциум, па се очекуваат голем број трансфери.

Шпекулациите во англиските медиуми велат дека „црно-белите“ веќе започнале преговори со Манчестер јунајтед за двајца фудбалери, а тоа се Ентони Марсијал и Џеси Лингард.

Двајцата сезонава ја греат клупата на „Олд Трафорд“, а Марсијал веќе и јавно побара трансфер преку својот менаџер. Истото важи и за Лингард, кој лани во Вест Хем покажа дека има квалитети да игра во Премиерлигата, но не во елитен клуб како Манчестер јунајтед. Лингард на лето ќе биде слободен фудбалер, па затоа Њукасл ќе може да го добие овој фудбалер за минимално обештетување. За Марсијал, Јунајтед ќе бара околу 30 милиони фунти.

Њукасл може да се интересира и за уште еден играч на Манчестер, а тоа е голманот Дин Хендерсон.

Се вчитува...