Подароци од ФФМ, Шкендија и Пелистер за последниот меч на Мечкаровски (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски судии Димитар Мечкаровски денеска и официјално става точка на својата кариера и на домашната фудбалска сцена.

Мечкаровски во Тетово на мечот од последното есенско коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Пелистер ќе ги има своите последни судиски минути. Токму поради тоа, оддавајќи признание, ФФМ како и Шкендија и Пелистер пред почетокот на натпреварот одделија време и за неколку пригодни подароци за пензионирањето на Мечкаровски…

Се вчитува...