„Подлиот“ Перез свесно го понижил Ал-Келаифи за време на вечерата во Мадрид (ВИДЕО)

На површина пред фудбалската јавност полека почнуваат да испливуваат деталите од последниот состанок на челниците на Реал Мадрид и ПСЖ, Флорентино Перез и Насер Ал-Келаифи.

Двата клуба долги години имаа одлични односи, но последната година тие не се на исто ниво поради тензиите околу трансферот на Килијан Мбапе.

Дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу двајцата претседатели дополнително ги „зовре“ страстите, а Ал-Келаифи во Мадрид доживеа вистинско понижување.

„Ла Република“ ги носи деталите од состанокот на кој Перез го понижил Ал-Келаифи и покрај тоа што знаел дека е од муслиманска вероисповест. За време на заедничкиот ручек, му сервирал две ефтини вина од девет евра пред него, а бидејќи газдата на ПСЖ е од муслиманска вероисповест го сфатил тоа како навреда. Како што пишуваат Шпанците, Ал-Келаифи нормално воопшто не ги ни допрел вината, а по вечерата отворено дури го искажал и своето незадоволство.

Како што е познато, откако ПСЖ загуби со 3-1 од Реал Мадрид и доживеа елиминација, на крај сопственикот на ПСЖ беснеел и во соблекувалната во Мадрид со вербален напад кон судиите на мечот но и кон вработени во Реал Мадрид.

Се вчитува...