Подмладена Македонија: Симиќ и Митревски во составот за мечот со Италија

Селекторот Александар Тодоров го објави списокот од 12 кошаркари кои денеска ќе истрчаат на терен за мечот со Италија, прв од четирите што во рок од пет дена нашиот национален тим ќе ги одигра во Перм во обид да стигне до билет за Евробаскет 2022.

Кормиларот на националниот тим остана доследен на најавеното подмладување, па во денешниот состав ги вклучи и 17-годишниот центар на Барселона, Тео Симиќ, како и 18-годишниот Андреј Митревски од редовите на скопскиот прволигаш ТФТ. Своето деби во дресот на Македонија ќе го има Американецот Вајли, како и Дамјан Робев, кој по добрите игри за Куманово доби шанса за настап и во националниот тим.

Во однос на поширокиот список, на денешниот меч со „аѕурите“ нема да настапат Бакоч, Савичевиќ и Ефремовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра денеска во Перм, со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...