Подобра реклама одамна не сте виделе: “Welcome to NBA Lane” (видео)

Почетокот на новата сезона во НБА се приближува, а најсилната лига на светот сними фантастична реклама како најава за возбудувањата што ќе следат.

Под наслов “Welcome to NBA Lane”, на едно место може да ги видите денешните суперѕвезди Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Расел Вестбрук, потоа доскорешни асови како Новицки, Кид и Вејд, но и легенди на НБА-лигата како Џабар, Доктор Џеј, Меџик Џонсон Лери Бирд.

Притоа, во целиот фантастичен спот е најдено место и за трагично починатиот Коби Брајант – со порака „Некои работи се поголеми од кошарката“.

Се вчитува...