Погба: Ако од некого учам да бидам подобар, тоа е само Модриќ

Пол Погба процвета по заминувањето на Жозе Мурињо од „Олд Трафорд“ и доаѓањето на Оле Гунар Солскјер.

Со тоа само се потврди дека Французинот и Мурињо не беа баш „среќна двојка“, но нивниот нестабилен однос сега е само минато. Погба сега, како што вели, сака само да го остави тој лош период зад себа е трудејќи се во иднина да биде што подобар фудбалер.

Интересно, во потрагата по нов квалитет во својата игра, како што вели, учи единствено од Лука Модриќ…

„Кога бев помлад многу повеќе ја следев играта на Роналдињо, Зидан, Роналдо… Но со време идоли ми беа и Иниеста, Чави, Пирло… За да денеска, ако од некого сакам да учам новини во играта, тоа дефинитивно е Лука Модриќ. Тој е еден од оние на кои денеска им се восхитувам. Вистина, секогаш се трудам да бидам што повеќе свој но секогаш со задоволство гледам да научам нешто и од него“ – вели Погба.

Се вчитува...