Погба го убедува Дембеле да оди во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ги користи сите оружја за да го убеди Осман Дембеле да ја напушти Барселона и да направи трансфер на „Олд Трафорд“. Еден од главните атрибути на Јунајтед е Пол Погба кој го убедувал фудбалерот на Барса да се приклучи на најтрофејниот состав во Премиер-лигата.

Погба за кого летово повторно се зборуваше дека си заминува од Манчестер Јунајтед сепак реши да остане и тој смета дека Дембеле може да биде клучниот елемент во подигнувањето на квалитетот за клубот повотрно да биде конкурентен во битката за титулата во Англија.

Погба како главен аргумент во убедувањето на Дембеле го користел прогресот на Ансу Фати. Тој му тврдел дека во Јунајтед ќе има поголем континуитет и со тоа ќе си ги подобри позициите за место во репрезентацијата на Диде Дешамп за Европското првенство следното лето.

 

Се вчитува...