Погба не е на продажба, за било која цена

Пол Погба е во центарот на плановите на Оле Гунар Солскјер за Манчестер Јунајтед за следната сезона па клубот нема намера да го продава Французинот без разлика на понудената сума за него. Интерес за Погба има од Реал мадрид, а тој неодамна изјави дека сон на секој фудбалер е токму „кралскиот клуб“.

Погба има уште две години од договорот кој кога го потпиша беше со рекордна трансфер вредност. Ова значи дека Јунајтед всушност и не мора да брза да почне предовори за продолжување на соработката. Во овој момент приоритет на Јунајтед се преговорите со голманот Давид Де Хеа кој исто така е цел на Реал Мадрид.

Пол Погба имаше слаба сезона се до заминувањето на Жозе Мурињо со кого беше во лоши односи. По доаѓањето на Солскјер, францускиот репрезентативец повторно е во вистинско издание.

Се вчитува...