Погба реши – си оди од „Олд Трафорд“!

Пол Погба е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед, откако по долго размислување решил да ги промени клупските бои и покрај подобрените односи со управата и навивачите по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер. Францускиот ас имаше крајно нарушени односи со Жозе Мурињо и беше подготвен дури и за јануарски трансфер, но ситуацијата се подобри по заминувањето на Португалецот од клупата.

Погба заигра подобро, беше клучен играч во неколку победи на „црвените ѓаволи“, но тоа не го промени и неговиот став во врска со иднината. Желба на францускиот репрезентативец останува заминување од Манчестер на крајот од сезоната, во период кога и Реал Мадрид и Јувентус покажуваат интерес за неговите услуги. Тој неодамна почна со „флерт“ со „кралскиот клуб“ изјавувајќи дека Зидан е причина повеќе за секој да сака да игра за Реал, враќањето во Јуве е опција веќе извесно време, па интересно ќе биде да се види каде ќе ја продолжи кариерата овој фудбалер.

Опција дефинитивно останува и Манчестер Јунајтед, клубот со кој Погба има уште три години од актуелниот договор. „Ѓаволите“ ќе бараат најмалку 120 милиони евра за овој фудбалер, а во случајот со Реал Мадрид можна е опција за размена за Герет Бејл, со што Реал би доплатил извесна сума на пари.

Се вчитува...