Погба сака назад во Јуве, но …

Управата на Јувентус му се обратила на Мино Рајола како би ја започнале постапката за трансфер на Пол Погба.

Иако во завршницата на сезоната на големо се зборуваше дека Французинот може да премине во Реал Мадрид, сега се почесто се говори дека тој може да се врати во Јувентус. Како што пренесуваат италијанските медиуми Манчестер Јунајтед е известен дека италијанскиот шампион сака да го доведе 26-годишниот играч за врска.

Според италијанските медиуми, Погба изразил подготвеност да се врати назад во Јуве, но потешкиот дел од задачата ќе биде да се убеди Манчестер Јунајтед на продажба на својата најголема ѕвезда. „Црвените ѓаволи“ го имаат проценето Погба на 130 милиони евра, но Јуве би можел значително да ја намали оваа сума доколку во понудата го вклучи Пауло Дибала.

Погба сезонава настапи на 47 натпревари на кои постигна 16 гола и запиша 11 асистенции.

Се вчитува...