Погба се врати со стил, Јунајтед пресилен за Њукасл

Манчестер јунајтед забележа нова убедлива победа на домашен терен, овојпат против екипата на Њукасл со 4-1, меч на кој својот камбек на терените го имаа Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Интересно, гостите први поведоа преку Гејл, по новиот „кикс“ на Линделоф, што беше прв гол што Давид де Хеа го прими на „Олд трафорд“ во Премиер-лигата сезонава. Сепак, тоа беше недоволно за изненадување бидејќи потоа на сцена стапи Пол Погба. Французинот му асистираше на Марсијал за израмнувачкиот погодок, а откако Смолинг погоди за 2-1, потоа Погба самиот го постигна третиот гол за „црвените ѓаволи“.

Конечните 4-1 ги постави Ромелу Лукаку, кој конечно ја прекина „црната серија“ од осум натпревари без постигнат погодок.

Се вчитува...