Погба, сега или никогаш – Реал Мадрид мора да реагира итно

Реал Мадрид мора да реагира брзо ако сака да го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед со оглед дека англискиот клуб почнал преговори за нов договор со Французинот. Погба кој има договор со Јунајтед до 2021 година е долгогодишна желба на Зинедин Зидан. Тој сака да го доведе сонародникот во Мадрид, а еден обид беше направен во 2016 година коа Погба го направи трансферот од Јувентус во Јунајтед.

Ако Погба не се согласи на продолжување на договорот, а за тоа има големи шанси, за Реал Мадрид претстојново лето вратата за Погба повторно ќе биде подотворена со оглед дека Јунајтед би сакал да го продаде со заработка.

Менаџерот на Погба, Мино Раиола веќе извесно време е во лоши реалции со Манчестер Јунајтед, особено со менаџерот Оле Гунар Голскјер. Раиола во едно интервју дури изјави дека Погба има обврска кон Манчестер Јунајтед до ЕВРО 2020 (одложено), но вистината е дека тој во 2016 потпиша петгодишен договор со можност за продолжување на уште 12 месеци. Сите играчи на Јунајтед потпишуваат вакви договори, со клаузула за дополнителна сезона. Таков договор потпиша и Бруно Фернандеш.

Се вчитува...