Погба: Солскјер ни дава слобода да играме фудбал

Оле Гунар Солскјер во четвртокот потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед, а ѕвездата на „црвените ѓаволи“ Пол Погба, вели дека се чувствува слободно и ужива на теренот откако Норвежанецот е на чело на клубот. По доаѓањето на Солскјер, Јунајтед почна да игра напаѓачки фудбал, играчите се среќни, а резултат на тоа е серијата на победи кои ја имаа во сите натпреварувања. Екипата се бори за едно од првите четири места во Премиер лигата, а се пласираше и во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Резултатите се одлични. Имаме тренер кој не цени. Ни даде самодоверба, ни даде слобода да играме фудбал. Првиот ден кога дојде рече дека само треба да уживаме кога играме фудбал. Ако не уживаш немој ни да играш. Кога ќе престанеш да го сакаш тоа што го работиш, немој да го правиш тоа. Треба да уживаме заедно, да играме напаѓачки заедно. Резултатите ќе дојдат сами од себе“, изјви Погба. 

Манчестер Јунајтед во 32. коло во Премиер лигата, претстојниов викенд на домашен терен ќе го пречека Вотфорд.

Се вчитува...