Погба: Срцето одбра да се вратам во Јувентус

Репрезентативецот на Франција, Пол Погба по вторпат во својата кариера се врати во Јувентус. Претходно Погба беше дел од овој тим од 2012 до 2016 година.

Тој истакна дека е среќен што се враќа во Јувентус, затоа што неговото срце одбрало да биде повторно дел од тимот од Торино.

„Многу сум среќен што се вратив дома. Тука така се чувствувам. Воодушевен сум. Убаво е да се добиваат пораки од навивачите на Јувентус додека бев во Англија. Мојот фокус беше целосно кон Манчестер Јунајтед, но сето ова ми недостасуваше. Кога бев во Јунајтед, останав во контакт со Алегри. Имавме секогаш добар однос. Тој е вистински човек за овој тим, а за мене време беше да се вратам. Срцето го одбра Јувентус. Длабоко во себе знаев дека сакам да се вратам“, рече Погба. 

Тој зборуваше за проблемите во Јунајтед…

„Тешко кога играте за некој тим, а менаџерите се менуваат секоја сезона. Вистина дека бев повреден, имаше сешто. Тренер, тим, променета улога, многу промени во кадарот. Сега сум друг и се надевам дека ќе немам повреди“, рече Погба. 

Се вчитува...