Погледнете ја трилер завршницата во Автокоманда и херојскиот погодок на Постолов за Суперлига (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Радовиш се избори за место во Суперлигата за сезоната 2024/25 откако во бараж натпреварот против фаворизираниот Пелистер 2 славеше во трилер завршница со 26-27.

Радовишани имаа негатива по првото полувреме и во поголем дел од второто, но одиграа најдобро кога беше најпотребно па во самиот финиш успеаја и да поведат. На 20 секунди пред крајот Пелистер 2 преку седмерецот на Калајџиовски изедначи на 26-26, но последниот напад им припадна на избраниците на Долдуров.

Прекршокот на „зелено-белите“ донесе слободен удар на Здравко Постолов кој умешно го искористи за гол во фото-финиш и големо славје на теренот и на трибините.

Се вчитува...