Погледнете како Александар Костоски донесе победа на Пелистер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до важна победа во АБА2 лигата откако на отварањето на „балонот“ во Широки Бријег славеа над Борац Бања Лука со 73-72 во драматична завршница во која пресудија Јуте Планиниќ и Александар Костоски.

Хрватскиот центар го врати Пелистер од негатива 67-72, а Македонецот на 40 секунди до крајот, по офанзивниот скок на Планиниќ погоди за три поени за големо славје.

Се вчитува...