Погледнете како Гордон „експлодираше“ во Гевгелија (ВИДЕО)

Кожув стигна до првата победа во сезоната откако на домашен терен славеше во неизвесниот натпревар против Струмица со 88-86. Гостите имаа шут за победа, но Стаменковиќ задоцни за 0.2 секунди па големото славеје им припадна на домаќините.

Гевгеличани беа предводени од Мирон Гордон кој верувале или не постигна повеќе од половина поени за својот тим. Американецот мечот го заврши со 48 поени, а ги постигна и клучни два од линијата за слободни фрлања за победа на 14. секунди пред крајот. Притоа со блок го спречи Крстајиќ во обидот за продолжение.

Се вчитува...