Погледнете како Гранде Пандев ги излуди Милан, Јувентус, Баерн Минхен… (ВИДЕО)

Горан Пандев му кажа збогум на професионалниот фудбал. Голгетерот кој во кариерата стрелаше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма ќе биде запомнет како еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата.

Пандев одигра 662 натпревари во клупскиот фубал на кои 147 пати ја тресеше мрежата. Најголем дел од овие погодци стигнаа во дресот на Лацио кој го носеше од 2004 до 2009 година, а постигна 64 гола со што го доби херојскиот статус на Олимпискиот стадион во Рим.

За Џенова постигна 32 гола, за Наполи 22, носејќи го дресот на Интер со кој ја освои и Лигата на Шампионите постигна 8 гола, 8 гола постигна и за Беласица, 7 гола даде за Галатасарај, во дресот на Специја четири, додека во Парма и Анкона по еден.

Пандев со гордост го носеше и дресот на македонската фудбалска репрезентација од 2001 година за која постигна 39 гола, меѓу кои и оној во Грузија кој ни настап на првото Европско првенство во историјата на мак-фудбалот.

 

Се вчитува...