Поглупав пенал од голман не сте виделе, и тоа во ЛШ (видео)

Искусниот голман на Шахтјор, Андриј Пјатов, ја направи најголемата глупост сезонава во Лигата на шампионите со глупавиот пенал направен во второто полувреме од мечот со Динамо.

Гостите изведуваа корнер кога Пјатов реши со боречки зафат да го преврти Гаврановиќ, кој стоеше пред него. За шпанскиот судија Лајоз немаше дилеми при самиот старт, неговата одлука само беше потврдена со ВАР, а Пјатов доби и жолт картон за направената глупост.

Вакво однесување е недозволиво и за аматерска лига, камоли за Лига на шампиони…

Се вчитува...