Покетино чека „кикс“ на Зидан за да седне на клупата на Реал Мадрид

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино одмора од фудбалот по отказот од Тотенхем и чека убава понуда за да му се врати на тренерскиот занает. Неговите погледи се насочени кон „Сантијаго Бернабеу“ очекувајќи „кикс“ на Зинедин Зидан. Французинот го доби „Ел Класико“ и го врати Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига, но е блиску до елиминација во Лигата на шампионите. „Кралевите“ го загубија (1-2) првиот осминафинален меч со Манчестер Сити на домашен терен, па ќе треба да возвратат на „Етихад“.

При елиминација од ЛШ, а и доколку Реал Мадрид не успее во трката за шампионската титула во Шпанија, речиси е сигурно дека Зинедин Зидан ќе мора да замине. Покетино во моментот сигурно би бил првата и најреална опција на Флорентино Перез за клупата на „кралевите“.

Се вчитува...