Покетино: Доминиравме над италијанскиот шампион

Предводникот на Тотенхем, Маурицио Покетино, е задоволен што неговите играчи покажаа карактер, и пред се, доминираа над италијанскиот првак Јувентус во поголемиот дел од средбата. Тотенхем се врати од Торино со корисни два гола во мрежата на Јувентус (2-2) кои на крајот може да се покажат како пресудни во овој двомеч.

„Примивме два гола за седум минути, но покажавме цврст карактер. Моите играчи одиграа феноменално, не секоја екипа може да се врати резултатски по негатива од два гола против Јувентус, и тоа на нивен терен. Ме радува што до изедначувачкиот погодок стигнавме играјќи го нашиот стил на фудбал. Доминиравме над италијанскиот првак во поголемиот дел од мечот, тоа го потврдува нашиот квалитет. Сепак, треба да се одиграат уште 90 минути, ништо не е завршено“, истакна Покетино.

Се вчитува...