Покетино: Две грешки за три минути – и ти си „аут“

Тотенхем не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, доживувајќи елиминација од италијанскиот првак Јувентус. „Старата дама“ славеше во Лондон со 1-2, со головите на Гонзало Игуаин и на Пауло Дибала во второто полувреме, откако Сон Хјонг – Мин го доведе Тотенхем во водство во првиот дел.

Менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино, е апсолутно разочаран и вели дека неговиот тим само за момент ја загубил концентрацијата, и тоа било кобно.

„Во двата меча, според прикажаната игра, заслуживме многу повеќе. И јас сум горд на играта на мојот тим. Доминиравме и на овој натпревар во Лондон, но направивме две грешки за три минути во одбраната и затоа сме елиминирани. Тие три пати вкупно дојдоа до нашиот гол, но Јувентус секако има огромен квалитет и знае да ги казни грешките на противникот. Имавме и многу шанси, но, ете, на крајот и немавме среќа да израмниме и да одиме во продолженија“, изјави менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, по елиминацијата од Јувентус.

Се вчитува...