Покетино: Јувентус ’шуруваше’ со судиите на полувремето во Лондон

Тотенхем доживеа елиминација од Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите, а очигледно дека менаџерот Маурицио Покетино тоа не може лесно да го преболи. Напротив, го обвини италијанскиот тим дека влијаел на судиите на полувремето од дуелот на „Вембли“.

„Тоа е ситуација од која морате да учите. Ако ја погледнете сувата статистика, Тотенхем беше многу подобар тим. Но, во фудбалот не е се во подобрата игра, статистиката, повеќе шутеви на гол, поголем посед на топката…Важни се и малите детали. Во Јувентус за тоа се специјалисти, затоа што имаат навика да победуваат, навика да вршат притисок на судијата. Пред и за време на натпреварот во тунелот беше Ањели, по натпреварот Ањели и Марота. А видов на полувремето како зборуваат со судијата и го притискаат. Не велам дека нашиот шеф Леви треба да биде таму, но Јувентус ни покажа како се прават и такви работи. Против такви противници, вие играте два натпревари, еден на теренот, и еден надвор од него“, изјави Покетино и отвори многу нови теми за натпреварите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...