Покетино разочаран, но не се откажува од трката за титулата

Тотенхем загуби на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем со 1-0 и ги сведе на теорија своите шанси за освојување на титулата во Премиер – литата. Доколку Челси успее да го совлада Мидлсборо в понеделник, ќе има огромни седум бода предност на врвопт на табелата во пресрет на последните три кола од шампионатот.

Менаџерот на „спарси“, Маурисио Покетино, го изрази своето разочарување од поразот, но се уште не се откажува од трката за титулата.

„Разочарани сме. Не одигравме на потребното ниво. Не бевме ниту на 50% од изданието што го прикажавме против Арсенал. Не успеавме први да го отвориме резултатот, а потоа и примивме несфатлив погодок. Сега ќе биде многу потешко да се достигне Челси на врвот, но ние не се откажуваме се додека постојат и теоретски шанси“, изјави менаџерот на Тотенхем.

Се вчитува...