Покетино: Се што шутнаа напаѓачите на Баерн – влезе во нашата мрежа

Тотенхем доживеа дебакл на домашен терен во Лигата на шампионите откако синоќа загуби од Баерн Минхен со 2-7. Беше тоа вистинско гол – шоу на АСерж Гнабри кој постигна четири гола, два додаде Роберт Левандовски, а еднаш мрежата на англискиот тим ја погоди иа Џошуа Кимих.

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, е разочаран од убедливиот пораз, но вели дека сите во клубот треба да се држат заедно и да ги пребродат тешките моменти.

„Не ми е потребно многу време за да објаснам што се случи. Игравме 30 минути многу добро, одлично влеговме во натпреварот, со висок пресинг. Но, немавме среќа бидејќи примивме гол многу рано во вториот дел. Тие имаа одлична завршница. Се што шутнаа напаѓачите на Баерн – влезе во нашата мрежа. Разочарани сме и лути. Но, сега мораме да се држиме заедно. Мислам дека имаме силен менталитет и ќе успееме ова да го пребродиме“, изјави Покетино.

Головите за Тотенхем ги постигнаа Сон и Кејн од пенал.

 

Се вчитува...