Пол Џорџ поговори хрватски: Мој брате… (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец и член на Лос Анџелес Клиперс, Ивица Зубац беше гостин на поткастот на својот соиграч во тимот од Калифорнија, Пол Џорџ каде Американецот во негова чест проговоре на хрватски јазик.

Џорџ се обиде да го најави Зубац на хрватски. Некои зборови успеа да ги изговори, но некои не. „Дами и господа, денеска имаме посебен гостин“, започна Џорџ на англиски па продолжи на хрватски „Мој брате. Тој е тој. Брож. Четрдајс“, беше обидот на Американецот кој наиде на смеа кај Хрватот.

Џорџ не успеа во првиот обид, но потоа се поправи.

Се вчитува...