Пол Џорџ повторно трагичар, Ејтон носи водство од 2-0 за Феникс (ВИДЕО)

Феникс Санс поведе со 2-0 во финалната серија од Западната конференција против ЛА Клиперс, откако во трилер натпревар славеше со 104-103.

Херој за тимот од Аризона, беше Де Андре Ејтон кој го постигна победничкиот кош со звукот на сирената. Вистински трагичар е Пол Џорџ кој на осум секунди до крајот на мечот не реализираше две слободни фрлања со кои Клиперс ќе се одлепеа.

Камерон Пејн со 29 поени беше најефикасен кај Санс, додека Ејтон заврши со 24 поени. Кај Клиперс Пол Џорџ заврши со 26 поени.

 

Се вчитува...