Пол Погба е COVID-19 позитивен, нема да игра за Франција

Пол Погба е позитивен на COVID-19 и нема да биде во составот на француската фудбалска репрезентација на претстојните натпревари против Шведска на 5. и против Хрватска на 8. септември.

Овој повик требаше да биде големо враќање на Погба во тимот на Дидие Дешамп по една година во која се мачеше со повредите. Сепак селекторот денеска објави дека Погба ќе мора да ги прескокне и овие натпревари. Позитивниот тест, Погба го добил вчера на редовното тестирање пред репрезентативниот собир.

Тој во следниот период ќе биде во изолација и треба навреме да биде подготвен за стартот на сезоната со Манчестер Јунајтед во Премиер-лигата. На местото на Погба, Дешамп го повика Едвардо Камавинга кој има само 17 години и девет месеци  и најмалдиот фудбалер повикан во селекцијата на „триколорите“ по Втората светска војна.

Се вчитува...