Пол Погба ги скара легендите во Манчестер јунајтед

Откако се врати во Англија на голема врата летото 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра, Пол Погба е под посебно внимание на јавноста и на анлитичарите на Островот.  Мислењата се поделени околу тоа дали Французинот е врвен играч или не, но неспорно е дека неговото влијание врз играта на Манчестер јунајтед е големо.

Со Погба во тимот, Јунајтед нема пораз во Премиер лигата уште од 23 октомври 2016 година. Последниот пораз Французинот го доживеа од Челси, а оттогаш одигра 34 натпревари со скор од 21 победа и 13 нерешени средби. Во овој период „црвените ѓаволи“ загубија пет натпревари и сите пет беа кога Погба не беше во составот.

Но, и покрај ваквите податоци, на легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, не му се допаѓа улогата на Погба во тимот и ја користи секоја можност жестоко да го критикува во медиумите.

Тој не е играч кој прави разлика. Невидлив е на терен…Не изгледа подготвено… Не трча доволно“ – ова се само дел од критиките што ги упати Сколс за францускиот фудбалер.

На тоа сигна одговор од Жозе Мурињо. Победата на Манчестер јунајтед против Евертон беше идеална прилика за португалскиот стратег да му возврати на Сколс.

„Како прво Сколс е аналитичар кој не анализира, туку само критикува. Тоа е голема разлика. Како второ, Сколс ќе биде запаметен како феноменален играч, но не и како феноменален аналитичар. И трето, ако некогаш посака да биде тренер, јас му посакувам да биде барем 25 проценти успешен како јас. Тоа би значело дека успеал како тренер“ – рече Жозе Мурињо.

Се вчитува...