Пол позицијата во Мексико за Макс Ферстапен

Макс Ферстапен ќе ја започне Големата награда на Мексико од првата позиција откако со круг од 1:17.775 беше најбрз во квалификациите пред двоецот од Мерцедес. Од првиот ред друштво ќе му прави Луис Хамилтон, додека трет трката ќе ја започне Џорџ Расел.

Како четвртти заврши Серхио Перез, а Ферари имаше уште едни разочарувачки квалификации освојувајќи го петтото со Карлос Саинз и седмото место со Шарл Леклер. Меѓу возачите на Ферари ќе стартува Валтери Ботас.

Се вчитува...