Пол Сколс се повлече од телевизија за да се грижи за својот аутистичен син

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Пол Сколс откри дека ја напушта работата како телевизиски коментатор за да се посвети на грижата за својот 20-годишен аутистичен син Ајден. Во емотивно интервју, 50-годишниот Сколс зборуваше за предизвиците со кои се соочува и потврди дека се развел од сопругата Клер.

По пензионирањето во 2013 година, Сколс, како и многу негови поранешни соиграчи, стана коментатор. Редовно се појавуваше во преноси од домашни и европски натпревари, но оваа сезона се повлече од преносите во живо за да се фокусира на подкастот.

Во разговор со поранешниот соиграч Гери Невил во подкастот „Stick to Football“, Сколс рече дека се откажал од повеќето телевизиски ангажмани за да изгради стабилна рутина со својот син Ајден, на кого му беше дијагностициран тежок аутизам на две и пол години.

„Целата работа што ја работам сега се врти околу неговите рутини бидејќи тој има прилично строга рутина секој ден, па затоа едноставно решив дека сè што правам ќе се врти околу Ајден“, рече Скоулс.

Се вчитува...