Почина легендарниот кошаркар на Југопластика Горан Собин

Почина легендарниот кошаркар на Југопластика Горан Собин, пренесуваат хрватските медиуми. Причина за смртта на легендарниот кошаркар бил срцев удар.

Тој потекнува од сплитскиот клуб со кого најголемите успеси ги проживеа во 80- години од минатиот век кога токму Југопластика беше најдобар клуб во Европа. Собин,  постарите љубители на кошарката го помнат како еден од кошаркарите кои во најважните моменти знаеше да повлече, а беше дел и од двете шампионски титули на Југопластика.

По настапот во Југопластика во 1990 година потпишува за грчки Арис, а играше и во Цибона, Загреб, а кариерата ја заврши во дресот на Алкара во 1996 година.

Се вчитува...