Политика или аматеризам: Бразил, ФИФА и КОНМЕБОЛ биле договорени фудбалерите од Англија да играат!

Фудбалски скандал се случи синоѓа на Суперкласикото меѓу Бразил и Аргентина во Сао Паоло, откако натпреварот беше прекинат по само осум минути затоа што бразилските власти сакаа да „депортираат“ четворица аргентински репрезентативци поради неполитување на протоколите на Ковид-19.

Здравствените власти во Бразил решиле да воведат задолжителен карантин за фудбалерите кои доаѓаат од Островот, па така Емилијано Мартинез, Буендиа, Кристијан Ромеро и Ло Селсо морале да завршат во 14-дневен карантин, иако „ЕСПН Бразил“ има поинакви информации.

Медиумот објави дека владата на Бразил, Светската фудбалска федерација (ФИФА) и јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) претходно постигнале договор фудбалерите од Англија да играат, па сега се поставува прашањето зошто реагирале здравствените власти и направија голем скандал, наместо да остават да се одигра ова дерби.

Се вчитува...