Полицијата на Колорадо отвори истрага против Џа Морант

Полицијата во државата Колорадо отвори истрага за видеото што се појави на социјалните мрежи на кое се гледа ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант како мафта со пиштол. Неколку дена пред објавувањето на фаталната снимка, Морант беше на мета на јавноста бидејќи се шпекулираше за отворање истрага за тоа дека во септември се заканувал со пиштол на тинејџер.

Наместо да размислува за поразот во петокот вечерта од Денвер Нагетс, Џа Морант излезе во ноќен клуб во Глендејл, град недалеку од Денвер. Полицискиот оддел во Глендејл истражува дали Морант прекршил некој закон за оружје. Во Колорадо е нелегално да се носи огнено оружје на федерален имот, како и додека е под дејство на алкохол.

Не е сигурно дали Џа бил пијан ноќта, иако се гледа дека луѓето кои се во негово друштво пијат. НБА инаку  има негативен став кон носењето пиштоли во поголемиот дел од Америка. НБА им забранува на играчите да носат оружје додека се со тимот и на имотот на франшизата, а исто така им е забрането да носат оружје додека патуваат со тимот. Се уште не е сигурно дали Морант прекршил некое правило, но она што е сигурно е дека го нарушил сопствениот имиџ тој на тимот и на лигата. Поради ова, покрај полицијата, истрага против него води и НБА лигата, а Мемфис го отстрани од тимот.

Се вчитува...